Тројца патници, Џон Гудвин (80), Кеиша Шахаф (46) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на заобленоста на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата
Првите патници кои ги превезуваше американската компанија „Вирџин Галактик“ денеска пристигнаа во вселената, соопшти компанијата основана од милијардерот Ричард Бренсон, со што го исполни ветувањето дадено пред 20 години.
Тројца патници, Џон Гудвин (80), Кеиша Шахаф (46) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на заобленоста на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата.
Оваа мисија наречена Галактик 02 е втор комерцијален лет на компанијата, по првиот реализиран на крајот на јуни.
Џиновскиот носач на авиони полета од конвенционалната писта во Ново Мексико и по фазата на искачување лансираше летало на ракетен погон налик на голем приватен авион.
Потоа го вклучил моторот и забрзал вертикално додека не надминал надморска височина од 80 километри – што американската војска го смета за граница од која започнува просторот. Леталото достигна височина од 88 километри, изјави коментаторот на видеото во живо.
Бродот набрзо почнал со лебдечко спуштање, а потоа слетал на истата писта.
Мајка и ќерка добија патување на натпреварот на „Вирџин Галактик“
Кеиша Шахаф и нејзината ќерка Анастатија Мајерс од Карибите го освоија билетот на натпревар организиран од „Вирџин Галактик“. Третиот патник, Британецот Џон Гудвин, учествувал на Олимписките игри во 1972 година. Тој боледува од Паркинсонова болест и е вториот човек со оваа болест што бил во вселената.
Иако има 80 години, тој не е најстариот патник. Таа титула му припаѓа на Вилијам Шатнер, стар деведесет години. Околу 800 клиенти купиле билет за патување во вселената по цена која прво била од 200 000 до 250 000 долари, а подоцна се зголемила на 450 000.