Косово работи на решавање на технички и административни прашања за да може изборите за градоначалници на северот на Косово да се одржат што е поскоро, рече косовскиот премиер Албин Курти
Европската Унија треба да го подобри својот однос кон Косово, а мерките што беа воведени се неправедни и затоа треба да бидат укинати што е можно поскоро, изјави косовскиот премиер Курти, додавјќи дека тие дејствуваат и на асиметријата во извештаите кои земјата ги добива, па затоа е добро да се укинат побрзо.
„Правиме сѐ што можеме и знаеме, но би било неопходно нашите европски партнери и сојузници што поскоро да го поправат својот однос кон Косово. На крајот на краиштата, демократска и прогресивна република како што е Косово заслужува да ѝ се помогне со се што може, а не да има казнени мерки,
рече Курти.
Тој оцени дека во голема мера е постигната деескалација на ситуацијата на северот на Косово, а кога станува збор за распишување на вонредни избори во четири општини на северот, најважна е петицијата.
„Во врска со новите вонредни избори, од почетокот кажавме дека не сме задоволни од излезеноста на граѓаните на изборите на 23 април годинава и од тоа што го дознавме во проценти следниот ден. Затоа понудивме можност за вонредни избори, но сакаме да не се повтори ситуацијата во која повторно ќе имаме бојкот на излегување на избори, било како гласање или како кандидат“,
додаде Курти.