Норвешка евакуираше илјадници луѓе бидејќи реките се искачија на највисоко ниво во последните 50 години, а многу домови и деловни објекти беа поплавени или однесени од лизгање на земјиштето
Брана на норвешка река денеска делумно се урна, а водата почна да се излева низ процепната дупка во средината на објектот, јави Ројтерс. На инцидентот му претходеа повеќедневни силни поплави во областа.
Браната „Браскерајдфос“ на реката Глома, најголемиот родотек во Норвешка, не можела да ги отвори испустите откако нејзината контролна соба се поплавила.
Полицијата претходно размислуваше да крене во воздух еден од испустите на 45-годишната брана за да помогне да се олесни ситуацијата, но на крајот се одлучи да не го стори тоа, бидејќи ќе беше тешко да се одржи експлозијата под контрола.
Норвешка евакуираше илјадници луѓе бидејќи реките се искачија на највисоко ниво во последните 50 години, а многу домови и деловни објекти беа поплавени или однесени од лизгање на земјиштето.
Во делови на јужна Норвешка главните патишта беа затворени, а возовите откажани откако реките се излеаја од коритата.
Властите предупредија на дополнителни поплави во наредните денови бидејќи водата се движи кон пониските крајбрежни области.
Насловна фотографија: принтскрин од видео на „Еуроњуз“