Станува збор за оружје кое е забрането во 123 држави, но САД, Украина а и Русија не се потписнички на Конвенцијата против касетната муниција
И Русија и Украина користеа касетни бомби во актуелната војна. САД ги исфрлија од употреба во 2016 година, но имаат залихи, пишува Си-ен-ен
Во очекуваниот нов пакет воена помош на Соединетите Американски Држави за Украина за прв пат ќе има и касетна муниција (или касетни бомби). Чекорот се уште формално не е објавен, но за таквата одлука веќе јавија повеќето големи американски и светски медиуми, повикувајќи се на упатени извори.
Одлуката на Вашингтон, која веќе предизвикува контроверзии, доаѓа во период кога украинската офанзива за ослободување на териториите окупирани од Русија оди бавно и со голем број на човечки жртви.
Што е тоа касетна муниција?
Касетната муниција, често наречена и касетни бомби, претставува канистер кој во себе носи десетици до стотици мали бомби, наречени подмуниција. Канистрите можат да бидат исфрлени од авион, испалени во проектил или од артилерија, бродски топови и ракетни фрлачи.

Кога канистерот ќе ја достигне програмираната височина или локација, тој се отвора и од него излетуваат малите бомби. Тие, пак, зависно од видот, експлодираат при контакт со тлото или пак се темпирани, со одбројување. При експллозијата, секоја мала бомби исфрла огромен број на шрапнели во сите правци. Целта на касетната муниција, вообичаено, е да онеспособи пешадиски единици или тенкови.
Каква касетна муниција и испраќа САД на Украина?
САД ги исфрли од употребна касетните бомби во 2016 година, но земјата се уште има залихи кои се чуваат. Досегашните сознанија говорат дека Вашингтон ќе му даде на Киев касетни бомби кои се испалуваат од 155 милиметарски хаубици. Секоја касетен канистер содржи 88 мали бомби. Секоја мала бомба има смртоносен радиус од 10 квадратни метри.

Шрапнелите на овие мали бомби имаат таков облик што кога ќе погодат тенк или оклопно возило можат да го пробијат неговиот оклоп. Десетина мали бомби можат да уништат оклопно возило, но понекогаш е доволна и само една за привремено да го онеспособат или да го оштетат неговото оружје.
Дали се употребувани досега во Украина?
Да. И Украина и Русија веќе имаат употребено касетни бомби откако Москва изврши инвазија на Украина во февруари 2022 година. Од неодамна, украинските сили почнаа да употребуваат турска касетна муниција на фронтот.
Украина бара касетна муниција од САД уште од минатата година, аргументирајќи дека тоа ќе помогне во намалувањето на супериорноста во бројки на руската артилерија.
Зошто касетните бомби се контроверзни?
Бидејќи малите бомби паѓаа на големи пространства, тие се опасност и за оние кое не учествуваат во битките. Според Меѓународниот комитет на Црвениот крст, меѓу 10% и 40% од касетните бомби воопшто не се активираат по испуштањето од канистрите, па остануваат опасност за цивилното население децении по завршувањето на конфликтите.
Коалицијата против касетна муниција, активистичка група која се залага за целосна забрана на ова оружје, тврди дека таквите бомби се уште се опасност по населението во Лаос и Виетнам, 50 години по нивната употреба во тие земји. „Хјуман Рајтс Воч“, пак, соопштија дека и Украина и Русија имаат убиено цивили со употребата на касетна муниција.
Голем дел од светот веќе ги има забрането касетните бомби, преку усвојувањето на Конвенцијата за касетна муниција. Документот забранува складирање, производство и транзит на оружјето, а конвенцијата ја имаат усвоено вкупно 123 држави во светот. Сепак, САД, Русија и Украина се меѓу 71 држава кои не се потписници на оваа конвенција.
Во моментов, употребата на касетната муниција за напад на непријателска војска не се смета за нелегална според меѓународното право, но напади врз цивилно население можат да доведат до судење за воени злосторства.
Though 123 nations have joined that convention, the United States, Ukraine, Russia and 71 other countries have not.
Според проценките на Женевскиот меѓународен центар за хуманитарно деминирање, 94% од регистрираните жртви на касетните бомби се цивили, од кои околу 40% деца.
Каде се употребувале досега?
Почетокот на употребата на касетните бомби датира од Втората светска војна. Биле употребувани во триесетина конфликти потоа.
САД, последен пат го имаат користено оружјето во Ирак, од 2003 до 2006 година, тврдат од Коалицијата против касетна муниција. Вашингтон, всушност, почнал да ги „отпишува“ од употреба во 2016 поради тоа што претставуаат голема опасност за цивилите, се вели во изјава на Централната команда на САД.