За оддадената почит на жртвите на масакрот тој информираше преку објава на своите профили на Твитер и Фејсбук, во која ги наведува имињата на 12-те младинци, нивната возраст, како и тоа дека биле убиени од „бугарскиот фашистички окупатор“. За разлика од објавата на социјалните мрежи, во соопштението во кое од кабинетот на претседателот информираат за неговите активности за време на денешната посетата на Кавадарци, во делот за посетата на споменикот на стреланите младинци од Ваташа, ја нема синтагмата „бугарски фашистички окупатор“
Шефот на државата Стево Пендаровски денеска, во пресрет на одбележувањето на 80 години од масакрот кај Ваташа за време на Втората светска војна, оддаде почит положувајќи свежо цвеќе пред споменикот на 12 младинци убиени на 16 јуни 1943 година.

Пендаровски ја посетил месноста Моклиште, каде се наоѓа спомен-обележјето, за време на неговата денешна посета на општина Кавадарци во рамките на проектот „Лице в лице со претседателот“, соопштија од неговиот кабинет.
За оддадената почит на жртвите на масакрот тој информираше и преку објава на својот твитер-профил, во која ги наведува имињата на 12-те младинци, нивната возраст, како и тоа дека биле убиени од „бугарскиот фашистички окупатор“.
Васил Хаџи-Јорданов, Ферчо Поп Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Ванчо Гурев, Ристо Ѓондев, Блаже Ицев, Герасим Матаков, Пане Џунов, Пане Мешков, Данко Дафков, Илчо Димов и Перо Видев – сите на возраст од 15-27 години беа убиени од бугарскиот фашистички окупатор на 16 јуни 1943. Слава им! pic.twitter.com/fd7I8QdP4l
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) June 8, 2023
Истата објава шефот на државата ја сподели и на својот официјален профил на Фејсбук.
Васил Хаџи-Јорданов, Ферчо Поп Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Ванчо Гурев, Ристо Ѓондев, Блаже Ицев, Герасим Матаков, Пане Џунов, Пане Мешков, Данко Дафков, Илчо Димов и Перо Видев – сите на возраст од 15-27 години беа убиени од бугарскиот фашистички окупатор на 16 јуни 1943. Слава им! pic.twitter.com/fd7I8QdP4l
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) June 8, 2023
На 16 јуни 1943 година 12 младинци од селото Ваташа биле стрелани кај месноста Моклиште од страна на бугарската војска и полициските одреди за време на Втората светска војна, кога делови од Македонија биле под окупација на тогашната бугарска држава, како дел од Тројниот пакт предводен од тохашна нацистичка Германија.
За разлика од објавата на Твитер, во соопштението во кое од кабинетот на претседателот информираат за неговите активности за време на посетата на Кавадарци, во делот за посетата на споменикот на стреланите младинци од Ваташа, ја нема синтагмата „бугарски фашистички окупатор“.
„Во месноста Моклиште, во пресрет на одбележувањето на 80 години од масакрот во Ваташа, претседателот Пендаровски оддаде почит положувајќи свежо цвеќе пред споменикот на 12 младинци кои беа убиени на 16 јуни 1943 година“,
се наведува во соопштението, објавено на официјалната интернет-страница на претседателот на државата.
Властите во Софија изминативе години жестоко реагираат на формулацијата „бугарски фашистички окупатор“ и бараат нејзино бришење од спомен-обележјата и учебниците по историја во земјава. Поранешниот премиер Зоран Заев во неколку наврати, додека ја извршуваше функцијата, дека земјава е подготвена да излезе во пресрет на барањата.
Инаку, претседателот Пендаровски за време денешниот престој во Кавадарци ја посетил гимназијата „Добри Даскалов“, каде се сретнал со ученици кои постигнале знајачни резултати на повеќе натпревари по различни предмети, како и „351 Студио“, еден од брендовите на македонската компанија „Скај Ај Ентертејмент“.