Причината за затворањето на улиците, како што велат од Министерството за внатрешни работи, е спроведувањето вежба во координација со Амбасадата на САД

Денеска од 8 часот на неколку улици во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Затворени за сообраќај ќе бидат дел од улиците и булеварите околу скопското Кале. Причината, како што велат од Министерството за внатрешни работи, е спроведувањето вежба во координација со Амбасадата на САД.
Од МВР велат дека затворена за сообраќај ќе биде улицата „Самоилова“ на потегот од улицата „Лазар Личеновски“ каде што е Амбасадата на САД, до крстосницата со улицата „Прохор Пчински“. Исто така, улиците „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“ ќе бидат затворени за сообраќај и на потегот од зградата на ЈП „Водовод и канализација“ до Амбасадата на САД. Од МВР велат дека по потреба, за сообраќај ќе биде затворен и булеварот „Никола Карев“ на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до „8 Септември“ и до потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со „Никола Карев“.
Од Секторот за внатрешни работи апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.