Ваков е ставот на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии во врска со иницијативата за евентуално ограничување на употребата на социјалната мрежа Тик-ток – прашање кое деновиве се наметна во јавноста поради тезата дека оваа платформа има негативно влијание врз младите
За решавање на проблемот, додаваат оттаму, треба да се фокусираме на вистинската причина за негово решавање, а фокусот, како што велат од МАСИТ, треба да се стави на поголема семејна и институционална грижа за правилен развој на децата за тие да можат да изградат систем на вредности и да препознаваат што е добро, а што лошо
Средствата и каналите за комуникација, односно социјалните мрежи треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. Евентуалната забрана на социјални медиуми во земјава нема да го реши проблемот – напротив – еден забранет медиум брзо и лесно ќе се замени со друг.

Ваков е ставот на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии во врска со иницијативата за евентуално ограничување на употребата на социјалната мрежа Тик-ток – прашање кое деновиве се наметна во јавноста поради тезата дека оваа платформа има негативно влијание врз младите.
„Проблемот е повеќеслоен, и затоа и пристапот за решавање треба да вклучи соодветна регулација на содржините кои се пласираат на социјалните мрежи, како и едукација на родителите и децата за користење на социјални мрежи со кампањи за користење на истите со цел истакнување на добрите, но и на лошите страни односно ризиците од прекумерно користење на социјалните мрежи“,
велат од МАСИТ.
За решавање на проблемот, додаваат оттаму, треба да се фокусираме на вистинската причина за негово решавање, а фокусот, како што велат од МАСИТ, треба да се стави на поголема семејна и институционална грижа за правилен развој на децата за тие да можат да изградат систем на вредности и да препознаваат што е добро, а што лошо.
„Овие вредности примарно доаѓаат од родителите и домашното воспитување со постојана присустност и одговорност, а потоа и од наставниците, професорите и сите останати инстанци во непосредна околина на децата. Од друга страна, пристапот до технологија е круцијален во процесот на дигитализација, процес кој дава огромни придобивки за целото општество и кој се наметнува како потреба на модерното живеење а со тоа и на самите млади луѓе“,
е ставот на Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии.
Додаваат дека за спречување на какво било насилство или инциденти со или без човечки жртви потребна е зголемена будност и одговорност, а првите чекори за ова, како што велат, се веќе направени со воспоставување на канали за пријава на меѓуврсничко насилство.