Утре, пак, ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, во текот на денот ќе се прошират насекаде низ државата

Променливо облачно со сончеви периоди претпладне најавува УХМР за денеска – 1 мај 2023 година. Во попладневните часови, пак, се очекува да има и повремен локален дожд и грмежи.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а температурата ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.
Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а попладне во делови од Скопската котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.
Утре, пак, ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а во текот на денот ќе се прошират насекаде низ државата.
Потоа, за следните два дена, како што најавува УХМР, во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и појава на грмежи.