Во писменото соопштение испратено до медиумите, ДКСК ги наведува и начелата за законитост и интегритет од Законот за спречување корупција и судир на интереси, велејќи дека со тоа сака да ги потсети лицата коишто се на највисоки државни функции и кои вршат јавни овластувања, на обврската за нивно почитување
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) изрази сериозна загриженост во врска со случувањата на вчерашната седница на Судскиот совет, која по неколкучасовни тензии и караници заврши со разрешување на Весна Дамева од претседателската функција на иницијатива на нејзиниот заменик, Селим Адеми.
За ваквите случувања, Антикорупциската комисија вели дека очекува реакција и вклученост од релевантните државни субјекти во земјава, додавајќи дека Судскиот совет како највисок орган на судската власт треба да се залага за бескомпромисно почитување на принципот на владеење на правото и за обезбедување на независноста на судската власт како трет столб на власта.

Во писменото соопштение испратено до медиумите, ДКСК ги наведува и начелата за законитост и интегритет од Законот за спречување корупција и судир на интереси, велејќи дека со тоа сака да ги потсети лицата коишто се на највисоки државни функции и кои вршат јавни овластувања, на обврската за нивно почитување.
Според Начелото на законитост, во вршењето на функцијата, јавните овластувања и службената
должност, секој е должен да постапува во согласност со Уставот и законите. Никој не смее да ја користи функцијата, јавното овластување или службената должност и положба за извршување или пропуштање на дејствие што според закон не смее, односно мора да го изврши, ниту да го подреди извршувањето на законито дејствие на својот личен интерес, ниту на интересот на друго лице. Начелото на законитост предвиудва и дека никој не може да биде повикан на одговорност за корупција освен во случаите и условите предвидени со овој закон, со Кривичниот законик и друг закон и во постапка пропишана со закон.

Начелото на интегритет од истиот Закон предвидува дека во вршењето на функцијата, јавното овластување и службената должност, секој е должен да постапува совесно, стручно, одговорно, чесно, ефикасно и непристрасно. Потоа предвидува дека службеното лице во извршувањето на јавните овластувања е должно да ги почитува начелото на законитост, начелото на еднаквост, начелото на јавност, етичките норми и професионалните стандарди, без дискриминација или повластување на кој било со целосно почитување на јавниот интерес.
Конечно, ова начело предвидува дека службеното лице во вршењето на својата функција е должно да внимава на
eвентуален судир на интереси и при извршувањето на јавните овластувања и должности не смее да се раководи од лични, семејни, верски, партиски и етнички интереси, ниту од притисоци и ветувања од претпоставениот или од друго лице.

Антикорупциската комисија го потенцира и член 39 став (1) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси со кој се забранува какво било влијание при избор, именувања и разрешување на раководни места:
Влијание при избор, именувања и разрешување на раководни места
Член 39
„(1) Политичка партија или лице што настапува во име на политичка партија не
гласи член 39 став (1) од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси кој го цитира ДКСК.
смее да врши притисок при избор или именување, или разрешување на лице на службена,
раководна или друга функција или должност, освен во случаите во кои со закон е определена
надлежност на претседателот на Републиката, Собранието и Владата на Република
Македонија, или органите на единиците на локалната самоуправа да вршат избор,
именување, или да даваат мислење или согласност“,

Реакцијата на ДКСК следува по вчерашната седница на Судскиот совет на која со седум гласа „за“ беше разрешена претседателката Весна Дамева. Нејзниното разрешување следеше по неколкучасовни тензии и караници на седницата, по што заменик-претседателот на Судскиот совет, Селим Адеми, го стави на гласање предлогот за разрешување на Дамева. Покрај Адеми, „за“ разрешување гласаа и Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска.
По гласањето, Адеми констатира дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата, па ја закажа денешната за избор на нов претседател.