Од Владата посочиле дека иако не постои забрана или регулатива во рамки на ЕУ и НАТО за користење на овој антивирусен софтвер, во тек се дискусии кои се водат на ниво на Унијата, НАТО и САД по ова прашање
„Нашата земја ќе се приклучи во имплементацијата на одлуките, односно мерките кои ќе бидат донесени“, наведуваат од Владата во одговор на прашања на Радио Слободна Европа. Според сервисот дел од државните институции кои го користат овој софтвер се Министерствата за образование, за внатрешни работи, за животна средина, Централен регистар…
Употребата на рускиот анитвирусен софтвер „Касперски“ ќе биде забранет во С Македонија кога Европската Унија (ЕУ) ќе воведе специфични мерки или ќе го забрани неговото користење во нејзини рамки, пишува Радио Слободна Европа.
Во одговор на прашања на РСЕ од Илинденска бр.2 наведуваат дека Северна Македонија ги имплементира сите ЕУ рестриктивни мерки во однос на Русија и кога ќе биде донесена конкретна мерка или забрана за користење на „Касперски“ на ниво на ЕУ, ќе бидат преземени соодветни мерки и во земјава.

Од Владата посочуваат дека иако не постои забрана или регулатива во рамки на ЕУ и НАТО за користење на овој антивирусен софтвер, во тек се дискусии кои се водат на ниво на Унијата, НАТО и САД по ова прашање.
„Нашата земја ќе се приклучи во имплементацијата на одлуките, односно мерките кои ќе бидат донесени“,
се наведува во одговорот на Владата за РСЕ.
Инаку, како што наведува сервисот, дел од државните институции кои го користат овој софтвер се Министерствата за образование, за внатрешни работи, за животна средина, Централен регистар…
Според РСЕ, ваков антивирусен софтвер имал инсталирано и Кривичиниот суд , но не го користи, оти е претежок за старите компјутери.
„Касперски“ се користи и во државните институции во дел од земјите во регионот.
Од Владата наведуваат дека се стремат да ги усогласат безбедносните системи со оние на НАТО и најголем дел од државните институции веќе направиле системски промени во нивните информатички системи.
„Во меѓувреме постојат препораки до сите наши институции за внимателност и правиме напори за постепена целосна замена на системите во сите институции согласно НАТО стандардите“,
одговориле од Владата.
Дека Министерството за внатрешни работи го користи „Касперски“, пишува РСЕ, покажуваат податоците на Бирото за јавни набавки според кои Министерството во 2021 година склучило договор за набавка на овој антивирусен софтвер (Kaspersky total Sequrity).
Министерството за одбрана, пак, набавило компјутерски софтвери во ноември 2022 набавило. Од таму наведуваат дека како земја членка на НАТО и заради усогласување со одредбите на Алијансата, мора да се набават производи кои се дел од каталогот на НАТО и да се заменат застарените.
Армијата и Министерството го користат американскиот „MCafee“ антивирусен софтвер.
Обвинувања за соработка со ФСБ
Инаку, Владата на Соединетите Американски Држави ја забрани употребата на антивирусни програми „Капсерски“ во сите владини агенции поради обвинувања за соработка со Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ). Од компанијата пак ги негираат ваквите наводи.
Во март 2022 година, непосредно по почетокот на руската инвазија на Украина, американската Федерална комисија за комуникации го вклучи „Касперски“ на листата на компании кои претставуваат закана за националната безбедност.
Сепак, иако во јануари 2018 година, директорот на компанијата, Евгениј Касперски, беше ставен под надзор на Министерството за финансии на САД, што значи можност за санкции во иднина, до денес санкции против него не се воведени.
Истата година, социјалната мрежа Твитер објави дека ги забранила рекламите за „Касперски“, а како причина меѓудругите ги наведе тврдењата на американските власти за поврзаност на компанијата со руските разузнавачки служби.
Која е компанијата „Касперски“
„Касперски“ е компанија основана во Москва во 1997 година. На својата веб-страница од компанијата наведуваат дека се со седиште во Велика Британија и дека нивните производи ги користат повеќе од 400 милиони корисници и 240 илјади компании ширум светот.
Во ноември 2020 година, компанијата ги префрла серверите со податоците на нивните корисници од Русија во Швајцарија.
Од „Касперски“ наведуваат дека како приватна компанија немаат политички врски со ниту една влада, туку соработуваат со властите на различни земји и меѓународните агенции за спроведување на законот во борбата против компјутерскиот криминал, пишува РСЕ.