Членовите на Советот на општина Центар денеска ја одржаа 8та вонредна седница по електронски пат, соопшти градоначалникот Саша Богдановиќ. Онлајн – седницата доаѓа по препораките на Владата за заштита од ковид-19.
„Точка на дневниот ред за работа беше Одлуката за прераспределба на средствата од Буџетот на Општина Центар за 2020-та година, односно, прераспределба на средствата и нивна пренамена за комунални услуги, како дополнителни вонредни мерки за справување со коронавирусот“,
објави Богдановиќ.