Петмина вработени во МВР се заразени со коронавирус, објави денеска заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук-профил.
Тој притоа како ризична ја посочува и полициската станица „Петровец“. Ги повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.
„Ковид-19 почна да го погодува Министерството за внатрешни работи. Потврдено е дека имаме позитивни петмина вработени во полицијата, а во полициската станица ‘Петровец’ постои реална опасност! Ги повикуваме вработените во полицијата да ја зголемат грижата за време на справувањето со создадената ситуација“,
напиша Нухиу на својот фејсбук-профил.