Со измама стана пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во Владата во 2020 година, без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството. Артан Груби, освен што ја ослабнува ДУИ, секојдневно го ослабнува и Али Ахмети опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други

Потпретседателот на ДУИ и пратеник во Собранието Изет Меџити, на собир на „огнените“ во Сарај, упати апел до Артан Груби да не помисли дека со разрешување на некои функционери ќе ги ослабне нивните позиции бидејќи тие се моќни и без функции и веќе 20 години придонесуваат во ДУИ.
„Артан Груби и другите Артанци да си поднесат оставки пред народот кој никогаш не ги гласал. Со измама стана пратеник во 2016 година, кога мнозинството гласови беа на Сарај, со измама влезе во Владата во 2020 година, без никаков глас од граѓаните и без одобрение на претседателството. Артан Груби, освен што ја ослабнува ДУИ, секојдневно го ослабнува и Али Ахмети опкружувајќи го со Мендух Тачи, Арбен Таравари и многу други. На ДУИ ѝ требаат реформи, а реформите треба да почнат со оставка на Артан Груби и неспособните министри“,
рече Меџити.
Пред жителите на Сарај, секретарот за родова рамноправност на ДУИ, Саранда Имери Стафаи, рече дека од почетокот на средбите пред два месеца бројот на граѓаните на собири само расте, а од Артан Груби сè уште нема отчет за недостигот на инвестиции во Сарај. Стафаи рече дека во моментов на земјава ѝ треба македонската опозиција да гласа за уставните измени, а не да влегуваат нови партии во Владата за да го спасат Артан Груби.
Претседателот на Надзорниот совет на ДУИ, Муса Џафери, рече дека членството со право прашува зошто има незадоволство во ДУИ и зошто има паралелни собири?
„И оваа иницијатива има своја генеза, која започнува пред три години кога оваа извршна власт почна да ја турка ДУИ во погрешен правец. Почнаа со клевета дека сакаме да смениме 2-3 министри и да ги заземеме нивните места, а вистината е дека сакаме да ја вратиме ДУИ силна и обединета по штетите што и ги направи Артан Груби. Груби да се откаже бидејќи никогаш нема да ја добие ДУИ“,
рече Џафери.