Пратката со хуманитарна помош денеска заедно ја испратија генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити, и амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мехмет Секизкок. Како што рече Саити, до денеска, покрај двата камиона со стотици пакети храна, хигиенски производи и ќебиња, собрани се и вкупно 25 120 773 денари парична помош
Турскиот амбасадор, пак, соопшти дека преку повеќе невладини организации и компании и со помош на, како што истакна, браќата и пријателите во земјава, досега е реализирана испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали, 4 360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори и 18 агрегати
Осумстотини пакети со храна, 1 700 пакети со производи за хигиена и 4 000 ќебиња е првата пратка со хуманитарна помош собрана од Црвениот крст на Северна Македонија која денеска тргнува кон регионите во Турција и Сирија што во понеделникот беа погодени од разорен земјотрес во кој животите ги загубија повеќе од 36 илјади луѓе.
Првата пратка со хуманитарна помош заедно ја испратија генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија, Саит Саити, и амбасадорот на Турција во земјава, Хасан Мехмет Секизкок.

Како што рече Саити, до денеска покрај двата камиони со пакети храна, хигиенски производи и ќебиња, собрани се и вкупно 25 120 773 денари парична помош.
Турскиот амбасадор, пак, соопшти дека преку повеќе невладини организации и компании и со помош на, како што истакна, браќата и пријателите во земјава, досега е реализирана испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали, 4 360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори и 18 агрегати.
Генералниот секретар на Црвениот крст посочи дека станува збор за првична хуманитарна помош, изразувајќи надеж дека во наредниот период ќе се обезбеди дополнителна помош.
Тој апелираше намирниците кои се донираат да бидат според стандардите за хуманитарна работа, бидејќи деновиве имало случаи во кои хуманитарната помош не била на задоволнителното ниво во врска со стандардите и не можела да се испрати.
„Во делот на остатокот од материјалната хуманитарна помош апелираме уште еднаш да се донираат намирници (пакети со храна и со хигиена) но сето тоа да биде ново, согласно стандардите за хуманитарна работа кои ние ги нарекуваме минимум стандарди затоа што останатото видовте овие денови – сведоци бевте на многу иницијативи, но за жал квалитетот на хуманитарната помош не е на задоволително ниво и сето тоа не може да се испрати“,
рече Саити.
Турскиот амбасадор изрази благодарност до С Македонија, која, како што истакна, стои рамо до рамо со Турција за надминување на овие тешки денови.
Одговарајќи на новинарско прашање во врска со хуманоста што земјава и нејзините граѓани ја покажале по катастрофалниот земјотрес, турскиот амбасадор рече дека помеѓу С Македонија и Турција постојат длабоко вкоренети историски и меѓучовечки односи за кои денешниот настан е уште една потврда.
„Би сакал да истакнам дека турскиот народ со благодарност ќе се сеќава на оваа солидарност“,
рече Секизкок.

Амбасадорот изјави дека заклучно со минатиот петок во Турција е трансферирана сума од речиси еден милион евра, додавајќи дека се води кампања во широки размери и за материјална и за финансиска помош.
„Во оваа насока сведоци сме на финансиската помош која се одлучува во советите на општините, тука се стопанските комори, Лекарската комора и низа други институции и установи од земјата, како и нашите браќа, нашите пријатели од земјава кои како што истакнав во широк размер организираат кампањи за помош на погодените региони. Исто така, имавме една телевизиска програма која се одржа во една национална телевизија каде што исто така беше организирана кампања за прибирање на финансиски средства. Засега немаме точна информација колку се собрани на таа програма, меѓутоа уверени сме дека во наредниот период ќе продолжат оваа помош и овие акции“,
рече Секизкок.
Голема благодарност тој изрази и до спасувачките екипи не само од земјава туку и од целиот свет за големиот придонес во спасувачките активности во подрачјата погодени од земјотресот и истакна дека овие екипи со златни букви ќе бидат испишани во историјата и во срцата на турскиот народ.
На прашањето дали има потреба од повеќе спасувачки тимови, турскиот амбасадор рече дека досегашните информации укажуваат дека нема потреба од дополнителна ваква помош.
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саити, дополнително информираше дека целата денешна организација за логистика односно за транспорт на хуманитарната помош е е донација од две фирми – „Транслог“ ДООЕЛ Скопје и „Интернационал логистик АРТ“ ДООЕЛ Скопје.
„Во однос на прашањето колку се собрани средства, заклучно со вчерашниот ден имаме 25 125 000 денари, од кои 12 900 000 денари се средства кои се собрани од телефонските повици, а остатокот се уплати и придонеси на жиро-сметката на Црвениот крст“,
рече Саити.
По катастрофалните земјотреси што на 6 февруари ги погодија Турција и Сирија, со епицентар во турскиот град Кахраманмараш со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, бројот на жртвите надмина 36 илјади.
Во „катастрофата на векот”, како што се нарекува во Турција, погодени се 10 провинции, вклучувајќи ги и Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа, каде што живеат повеќе од 13 милиони луѓе.