Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции
На 63-годишна возраст почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд.
Тој за судија беше избран во 1999 година и 25 години судеше во двата скопски основни суда.
Судијата Ставрев судеше многу предмети кои беа познати во јавноста, како што се „Титаник 2“, „ТНТ“, „Монструм“, „Змиско око 1“, „Сопот“, „Фаланга 2“.
Само пред две недели судијата ја објави пресудата за ,,Титаник 2″, предмет на поранешното Специјално јавно обвинителство.
Огнен Ставрев е син на Драгољуб Сраврев, претседател на претседателството на Социјалистичка Република Македонија (СРМ).
Судијата Огнен Ставрев изминативе години судеше во Одделението за организиран криминал и корупција. Поради здравствените проблеми кои ги имаше, последните месеци беше судија за извршување санкции.