Едно лице вработено во ЈСП „Скопје“, на кое му е дијагностициран коронавирусот ковид-19, е навремено хоспитализиран и повеќе од две недели немал контакти со неговите колеги бидејќи ја користат мерката за ослободување од работни обврски на хронично болни лица, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие.
„Лицето не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач), кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица“,
велат од ЈСП.
Пет лица вработени во ЈСП „Скопје“, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.
ЈСП „Скопје“ ја информира јавноста дека одговорно, навремено и активно ги спроведува и презема сите неопходни, превентивни и заштитни мерки во борбата против ширење на ковид-19, за да ги заштити корисниците на јавниот превоз и своите вработени.
„Сите возила вклучени во јавниот превоз секојдневно се подложни на дополнителна дезинфекција, а секојдневно се прават напори на вработените лица да им се обезбедат заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција“,
додаваат од ЈСП.