Во 12 часот, на граничниот премин „Деве Баир“, се очекува да пристигне автобус со бугарски државјани
Во црквата „Св. Спас“ заврши официјалната церемонија за одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Присутни беа претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и култура, Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска-Стојчевска, собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и делегации на државни институции, партии и граѓански здруженија.
Тие си заминаа предмалку, а сега се очекува во црквата да пристигне лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
По Мицкоски, на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер се очекува да пристигне и бугарската делегација која, според најавите од бугарското МВР, ќе ја сочинуваат бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов. Со нив се очекува да пристигне и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов.
Во 12 часот, на граничниот премин „Деве Баир“, се очекува да пристигне автобус со бугарски државјани.