Во инцидентот учествуваа пратеници од Двери, Движење Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон шефот на државата
Жестоката дискусија на седницата на српското собрание на која се расправа за Косово, во еден момент прерасна во инцидент. Имено, како што јавува РТС, дошло до туркање меѓу опозицијата и пратениците од владејачката коалиција.
Во инцидентот учествуваа пратеници од Двери, Движење Заветници, Народна партија и ДСС, кои го прекинаа говорот на српскиот претседател Александар Вучиќ скандирајќи и велејќи „Предавство“ и „Косово нема да го дадеме“, а потоа се упатија кон шефот на државата.
По ова, станаа пратениците на СНС и дојде до туркање.
Претседателот Вучиќ ѝ замери на опозицијата дека Деловникот на собранието им е поважен од Косово.
„Разликата меѓу нив и нас е што нам Косово ни е свето, а за нив Деловникот“,
рече Вучиќ.
Парламентот на Србија денеска одржува посебна седница на која присуствува и претседателот Александар Вучиќ, кој е главен претставник на Србија во преговорите со Приштина.
Една од точките на седницата е извештај на српската влада за преговорите во периодот од 1 септември 2022 до 15 јануари 2023 година.
Меѓутоа, извесно е дека голем дел од дискусијата ќе се фокусира на француско-германскиот предлог за уредување на односите, кој е поддржан и од ЕУ и од САД.
За него Вучиќ претходно изјави дека со оглед на тоа што предлогот е прифатен од сите земји членки на ЕУ, сега тој де факто е рамка во која се движат преговорите.