Две лица од Кичево во два одделни случаи се приведени поради непочитување на мерките за заштита од ширење на коронавирусот, информираше портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски.
А.И. (22) и Д.П. (50) заработиле кривични пријави бидејќи не се придржувале до мерката за забраната за движење на граѓаните во временскиот период од 21 до 5 часот заради спречување на ширење на коронавирусот.
А.И. за време на полицискиот час бил затекнат на булеварот „Ослободување“ управувајќи го својот патнички автомобил „голф“. Истата вечер, Д.П. бил затекнат на магистралниот пат Кичево-Охрид исто така управувајќи со свој автомобил „голф“.
Двајца биле приведени во полициската станица и против нив се поднесени кривични пријави.