Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на партискиот настан насловен „Заедно за Европската Унија” во Тетово кажа дека тој секогаш бил но и ќе биде ангажиран во каузата за заштита на идентитетот, културата и јазикот на сограѓаните Македонци. Токму затоа, вели тој, сега е време да се отвори нова сцена и нов европски фронт кој ќе го забрза членството на С Македонија во Европската Унија и изјави дека сите граѓани на земјата треба да се сплотат кон заедничката цел – членство во Европската Унија.
„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“,
кажа Ахмети.
По оваа изјава, пристигна реакција од поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини кој му порача на Ахмети дека неговата изјава е перфидна демагогија и хипокризијa, бидејќи тој нема кажано ниту два збора на македонски јазик.
„Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на сограѓаните Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура… Кога и во кое својство ќе биде ангажиран да го брани јазикот на “своите сограѓани”, на кој во никој случај не сака да каже два збора!”,
се вели во објавата на Хајредини.
