Изминатото деноноќие на територијата на државата полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале забраната за движење во периодот од 21 до 5 часот, од кои 63 лица се приведени во полициска станица, а 31 лице е опоменато.
Исто така, во текот на вчерашниот ден евидентирани се 39 лица на кои им се издадени решенија за изолација и 111 граѓани кои на граничните премини потпишале изјави за самоизолација. Извршени се и 61 контрола во угостителски и други објекти и утврдено е дека само во еден случај не се почитувале препораките и мерките на Владата.