Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (9 јануари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат
Во „360 степени“ вечерва гостува вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ. Неизбежна тема се медиумските наводи дека „Заев подмолно се обидува да го урне Ковачевски“ и дека пред дел од сопартијците презентирал план за заедничка влада на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, по избори напролет. Со Маричиќ разговараме и за најавите дека годинава ќе почне да функционира нов систем за влез во 30 европски земји, кој се однесува и на граѓаните на Северна Македонија. Системот наречен ЕТИАС предвидува претходно одобрување на влез во некоја од 30 држави, главно членки на ЕУ, преку пополнување онлајн-апликација и плаќање седум евра. Дали ЕТИАС значи враќање на шенген-визите за македонските граѓани? Можно ли е жителите на државите што преговараат за членство во ЕУ да бидат изземени од пополнување апликација и плаќање седум евра?
Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.