Говорејќи околу осум минути, Путин рече дека односите меѓу Русија и Кина стануваат сè поважни како стабилизирачки фактор и дека имаат за цел да ја продлабочат воената соработка меѓу двете земји
Во одговорот што траеше една четвртина од обраќањето на Путин, Си рече дека Кина е подготвена да ја зголеми стратегиската соработка со Русија во заднината на, како што рече, тешката ситуација во светот воопшто
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека очекува кинескиот претседател Си Ѓинпинг да оствари државна посета на Русија пролетта 2023 година, што би претставувало јасен знак на солидарност од страна на Пекинг во услови на слаба воена кампања на Русија во Украина, пренесува Ројтерс.

Во воведниот говор од видео-конференцијата меѓу двајцата лидери емитувана на државната руска телевизија, Путин рече:
„Ве очекуваме драг г. претседавач, драг пријателе, ве очекуваме следната пролет во државна посета на Москва“.
Тој рече дека посетата „ќе му ја покаже на светот блискоста на руско-кинеските односи“.
Говорејќи околу осум минути, Путин рече дека односите меѓу Русија и Кина стануваат сè поважни како стабилизирачки фактор и дека имаат за цел да ја продлабочат воената соработка меѓу двете земји.
Во одговорот што траеше една четвртина од обраќањето на Путин, Си рече дека Кина е подготвена да ја зголеми стратегиската соработка со Русија во заднината на, како што рече, „тешката“ ситуација во светот воопшто.
Односите меѓу Русија и Кина, кои двете страни ги поздравија како партнерство „без граници“, добија големо значење откако Москва ги испрати своите вооружени сили во Украина на 24 февруари, потсетува новинската агенција.
Иако западните земји воведоа санкции без преседан кон Русија, Кина се воздржува од осуда на воената кампања на Москва, нагласувајќи ја наместо тоа потребата од мир.
Рускиот извоз на енергија во Кина значително се зголеми по избувнувањето на конфликтот, а Русија сега е единствениот најголем снабдувач на нафта на Кина.
Сепак, Пекинг досега беше внимателен да не обезбеди директна материјална поддршка што може да предизвика санкции против Кина од страна на Западот.
На самитот во септември во Узбекистан, Путин ја призна „загриженоста“ на неговиот кинески колега за ситуацијата во Украина.