Маск „твиташе“ во живо за време на натпреварот, редовно објавувајќи кога и кој тим постигнал гол. Тој на Твитер рече дека корисниците објавувале 24 000 твита во секунда, кога Франција го постигнала третиот гол
Сопственикот на Твитер, Илон Маск, го привлече вниманието и во Катар, каде што беше виден во контроверзно друштво.
Илон Маск и Џаред Кушнер беа забележани заедно за време на финалето на Светското првенство во Катар во неделата.
Извршниот директор на Твитер и зетот и поранешен советник на Доналд Трамп беа забележани како седат еден до друг на финалето меѓу Франција и Аргентина на Светското првенство во 2022 година во Лусаил Сити, Катар. Кушнер инаку важеше за главен човек на политиката на Трамп за Блискиот Исток.
Elon Musk and former US President Donald Trump’s son in law, Jared Kushner have been spotted at the World Cup final match in Qatar.@elonmusk @jaredkushner @fifaworldcup
— Doha News (@dohanews) December 18, 2022
?: @alwoozain pic.twitter.com/a2GibzBYAi
Маск „твиташе“ во живо за време на натпреварот, редовно објавувајќи кога и кој тим постигнал гол. Тој на Твитер рече дека корисниците објавувале 24 000 твита во секунда кога Франција го постигнала третиот гол.
Освен со Кушнер, Маск се дружеше и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Erdogan and Elon Musk shake hands in Doha during the World Cup Final Match pic.twitter.com/eKqr9sDelD
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) December 18, 2022
Во меѓувреме беа објавени и фотографии од Маск со Наила Аскерзаде, новинарка на руските државни медиуми.
Токму таа на Телеграм објави селфи со милијардерот, кое е направено веднаш по натпреварот помеѓу Аргентина и Франција.
„Се согласувам со оценката на Илон Маск: Дуел во пустина. Не можевме да побараме подобра игра. Видов како ги сподели емоциите на својот твитер-профил во врска со случувањата на теренот. Имам и јас многу емоции – наскоро ќе ви кажам за нив“,
коментира таа.
Elon, @elonmusk I hope you didn’t know who it was. pic.twitter.com/dvuaVQYS2b
— Ivan Zhdanov (@ioannZH) December 19, 2022
Аскерзаде инаку е под санкции од Велика Британија и Канада поради нејзините ставови за војната во Украина.
Покрај јавните настапи, Аскерзаде во Русија е позната и како девојка на рускиот олигарх, сопственикот на ВТБ банка, Андреј Костин.
Претходно олигархот честопати беше дарежлив кон својата љубовница купувајќи ѝ стан во Москва, викендичка вредна четири милиони долари, јахта од 62 метри и до 2019 година ѝ плаќаше приватни летови вредни речиси половина милион долари.