Утре во 16 часот се игра финалето помеѓу Аргентина и Франција
Репрезентацијата на Хрватска го совлада Мароко со 2:1 во борбата за бронзениот медал на Светското првенство во Катар.
Сите голови беа постигнати во првото полувреме. За Хрватска погодија Јошко Гвардиол (7. минута) и Мислав Оршиќ (42. минута), а единствениот погодок за Мароко го постигна Ашраф Дари (9. минута).
Ова е втора бронза за Хрватите. Тие завршија како трети и на Светското првенство во Франција во 1998 година. На претходниот Мундијал во Русија во 2018 година, пак, Хрватите играа во финалето каде беа поразени од Франција со 2:4.
Во денешниот натпревар, двете репрезентации се судија во мечот за третото местото откако во полуфиналето Хрватите загубија од Аргентина, а Франција го победи Мароко.
Финалето помеѓу Аргентина и Франција се игра утре во 16 часот, а ќе почне со една минута молк во знак на почит кон славниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.