Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 9 декември 2022 г. на ТВ Алсат, во кое гостува градоначалничката на Скопје
Кого Данела Арсовска фати ,,со рачињата во медот”, дали (ќе) има промени во комисијата за оценка на понудите за изградба на прочистителна станица во Скопје и дали тендерот ќе се истера до крај? Ова е една од темите во интервјуто со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Со Арсовска разговараме и за раскинувањето на политичката коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, за набавката на мазут за потребите на ЈСП Скопје и зошто во новиот договор со „Пуцко Петрол“ нема рабат (попуст) за градското претпријатие, за ветувањето за бесплатен јавен транспорт и набавка на 250 еколошки автобуси, за судбината на БРТ (бас рапид транзит) – проект инициран од претходниот градоначалник Шилегов, за барањето што според Законот за слободен пристап им го пратила на градоначалниците на скопските општини… Неизбежна тема е и протестот на приватните превозници.