Европската Унија ја договори цената откако Полска ја даде својата поддршка, отворајќи го патот за формално одобрување на договорот во текот на викендот. Според соопштението на Г7 и Австралија на кое се повика Ројтерс, се вели дека ограничувањето на цената за овие земји ќе стапи на сила в понедлник, на 5 декември или „многу брзо потоа“
Воведувањето на ограничувањето на цената на руската нафта значи дека на земјите-учеснички во договорот ќе им биде дозволено да купуваат нафта и нафтени деривати транспортирани преку море што се продаваат само по или под ограничувањето на цената, во случајов 60 долари за барел
Групата седум земји (Г7) и Австралија соопштија дека договориле ограничување на цената од 60 долари за барел на руската нафта која се транспортира преку море, откако претходно членките на Европската Унија го надминаа отпорот од Полска и постигнаа политички договор за ограничување на горната граница на цената на нафтата што Русија ја извезува по морски пат на 60 долари за барел, јави Ројтерс.
Европската Унија ја договори цената откако Полска ја даде својата поддршка, отворајќи го патот за формално одобрување на договорот во текот на викендот.
Според соопштението на Г7 и Австралија на кое се повика Ројтерс, се вели дека ограничувањето на цената за овие земји ќе стапи на сила в понедлник, на 5 декември или „многу брзо потоа“.
Ограничувањето на цената на нафтата што ја извезува Русија има за цел да го намали приходот на Русија од продажбата на нафта, истовремено спречувајќи го скокот на глобалните цени на нафтата.
Претходно Полска се спротивстави на предложеното ниво од 60 долари за барел и притискаше во преговорите со ЕУ ограничувањето да биде што е можно пониско за да ја ограничи способноста на Москва да ја финансира војната во Украина. Сепак, полскиот амбасадор во ЕУ, Анджеј Садос во петокот изјави дека Полска го поддржала договорот со ЕУ, кој вклучува механизам за задржување на ограничувањето на цената на нафтата најмалку 5 проценти под пазарната стапка.
По преговорите во последен момент во петокот, претседавањето со ЕУ, кое моментално го има Чешка, на Твитер објави дека амбасадорите постигнале договор за ограничувањето на цената на руската нафта пренесувана преку море.
#COREPERII | ✅ Ambassadors have just reached an agreement on price cap for Russian seaborne #oil ?️. Written procedure follows, decision will enter into force on publication in the Official Journal. EU stays united and #StandWithUkraine. ???? #EU2022CZ pic.twitter.com/92vHTFDzxV
— EU2022_CZ (@EU2022_CZ) December 2, 2022
Што ќе значи ограничувањето на цената на нафтата?
Воведувањето на ограничувањето на цената на руската нафта значи дека на земјите-учеснички во договорот ќе им биде дозволено да купуваат нафта и нафтени деривати транспортирани преку море што се продаваат само по или под ограничувањето на цената, во случајов 60 долари за барел.
Бидејќи најважните компании за транспорт и осигурување се со седиште во земјите од Г7, ограничувањето на цената ќе ѝ отежне на Русија да ја продава својата нафта по повисока цена.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека ограничувањето на цената значително ќе ги намали приходите на Русија. Таа на Твитер напиша дека ограничувањето на цената ќе помогне за стабилизација на глобалните цени на енергијата, што ќе им користи на економиите во развој низ целиот свет, додавајќи оти ограничувањето ќе биде „прилагодливо со текот на времето“ за се реагира на развојот на пазарот.
The EU agreement on an oil price cap, coordinated with G7 and others, will reduce Russia’s revenues significantly.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) December 2, 2022
It will help us stabilise global energy prices, benefitting emerging economies around the world. pic.twitter.com/3WmIalIe5y
Американските власти рекоа дека договорот е без преседан и ја покажува решеноста на коалицијата што се спротивставува на руската воена инвазија.
„Ограничувањето на цената ќе помогне да се ограничи способноста на Путин да профитира од нафтениот пазар за да може да продолжи да финансира воена машина која продолжува да убива невини Украинци“,
изјави портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.
Сепак, претседателот на Комитетот за надворешни работи на долниот дом на Русија за државната новинска агенција ТАСС изјави дека блокот ја загрозува сопствената енергетска безбедност.