Погодените згради, како што напиша градоначалникот на Киев, Кличко, на Телеграм, се наоѓаат во областа Печерск во Киев, станбен дел од главниот град, кој се наоѓа северно од објектите каде што е сместена претседателската администрација
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска соопшти дека две станбени згради биле погодени во ракетен напад на главниот град.
Засега нема информации за жртви и повредени.
Погодените згради, како што напиша Кличко на Телеграм, се наоѓаат во областа Печерск во Киев, станбен дел од главниот град, кој се наоѓа северно од објектите каде е сместена претседателската администрација.
„Неколку проектили беа соборени од противвоздушната одбрана над Киев. Медицински и спасувачки екипи се на местото на ударот“,
додаде Кличко.
Жители на Киев на Твитер објавија дека слушнале противпожарни возила како брзаат на местото на настанот.
Пожежні машини поїхали зі спецсигналами
— Oleh Novikov ?? (@olehbatkovych) November 15, 2022