Тој не се појавуваше во јавноста месеци однапред, туку се потпираше на телевизиско рекламирање и кампања на социјалните мрежи. На тој начин изгради силно упориште кај електоратот и успеа да го победи доктор Оз, кого го претставуваше како богат опортунист
Трката меѓу кандидатите на Демократската и Републиканската партија во американската држава Пенсилванија привлече големо внимание кај светската јавност.
Имено, Џон Фетерман го победи својот ривал, славниот доктор Мехмет Оз, во кампања која според светските медиуми била сосема поинаква од сите претходни – вклучувала здравје, но и кучиња.
Имено, Фетерман имаше тежок мозочен удар во мај, во екот на предизборната кампања.
Тој не се појавуваше во јавноста месеци однапред, туку се потпираше на телевизиско рекламирање и кампања на социјалните мрежи. На тој начин изгради силно упориште кај електоратот и успеа да го победи доктор Оз, кого го претставуваше како богат опортунист.
Исто така, на Фетерман добро му дојде случајот од октомври кога во јавноста се појави информација дека член на републиканците прави експерименти на кучиња, особено што Фетерман е голем љубител на кучиња и срдечен бранител на правата на животните.
In a major win for Democrats, John Fetterman defeated Republican Dr. Mehmet Oz in Pennsylvania, flipping a highly competitive Senate seat. https://t.co/xzcbFeIbMl pic.twitter.com/wH6CtDJqKo
— The Associated Press (@AP) November 9, 2022
Треба да се напомене дека Фетерман не учествуваше во ТВ интервјуа кои водеа кон тоа да се поставуваат прашања за неговото здравје и способноста да биде сенатор, а некои познавачи на политичката ситуација во Соединетите Американски Држави велат дека токму тоа ја направило трката за сенатор толку тесна.
Сепак, како што пренесува Би-би-си, тој и покрај тоа успеал да го победи доктор Оз.
Фетерман има три деца и е женет со Жизел Барето Фетерман, Бразилка која некогаш била илегален имигрант.