На само еден ден до изборите, анкетите покажуваат дека републиканците се во предност кога станува збор за Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, додека изборот на членови на Сенатот ќе биде понеизвесен
Актуелниот американски претседател Џо Бајден од Демократската партија и поранешниот претседател Доналд Трамп од Републиканската партија ги одржуваат последните изборини митинзи еден ден пред конгресните избори во САД, на кои Американците ќе избираат нови претставници за Конгресот, но и гувернери и претставници на локалната власт.
Аамериканските гласачи ќе избираат членови на Претставничкиот дом (435 места) и една третина од Сенатот (35 места), кои заедно го сочинуваат Конгресот. Во ист ден се случуваат и државните и локалните избори.
Демократите на Бајден моментално ги контролираат двата дома на Конгресот. Републиканците се надеваат дека ќе ги вратат назад – нешто што би му отежнало на Бајден во последните две години на претседателската функција.
На само еден ден до изборите, анкетите покажуваат дека републиканците се во предност кога станува збор за Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, додека изборот на членови на Сенатот ќе биде понеизвесен, пишува Би-би-си.
Според аналитичарите, одлуката за тоа кој ќе го контролира Сенатот во следните четири години најверојатно ќе ја донесат гласачите во Пенсилванија, Џорџија и Невада.
За време на вчерашниот митинг во Њујорк, Бајден ги нарече изборите пресвртна точка што ќе ги одреди следните 20 години во САД и им порача на гласачите дека избираат помеѓу две фундаментално различни визии за Америка.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пак, одржа говор на митинг во Мајами, каде што ги обвини демократите дека ја водат земјата кон комунизам.
Меѓуизборите односно среднорочните избори во САД се одржуваат на секои четири години на средината на секој претседателски мандат и оваа година вклучуваат избори за сите 435 места во Претставничкиот дом, 35 од 100 места во Сенатот и 36 од 50 државни гувернери, како и бројни други локални функции и предлози за гласање.