Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (4 ноември 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Дали и кога ќе се намалат цените на основните прехранбени продукти? И што во пракса ќе значи новоусвоениот Закон за заштита на потрошувачите, кој воведува казни за нечесни и измамнички трговски практики? За ова вечерва ќе дебатираме со министерот за економија Крешник Бектеши, бизнисменот и потпретседател на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, и бизнисменот и член на УО на Здружението на трговијата при Стопанската комора на Северна Македонија, Румен Смилевски. Владата пред неколку дена соопшти дека ќе обезбеди поевтина струја за компаниите што произведуваат масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и за компаниите од месната и живинарската индустрија. Очекувањата и најавите се дека тоа што овие фирми ќе плаќаат 80 евра за мегават-час електрична енергија треба да ги поевтини основните прехранбени продукти за околу десет отсто. Реално ли е тоа и во каков рок?
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.