Тоа што се случи тој ден во Буча беше она што руските војници во прислушуваните телефонски разговори го нарекуваа „зачистка“, односно чистење. Русите ловеле луѓе на списоците подготвени од разузнавачките служби и оделе од врата до врата за да ги идентификуваат потенцијалните закани
Асошиејтед прес објави голема приказна за тоа како руските војници спроведувале „операција за чистење“ во Буча, едно од местата во кое беа спроведени најголемите егзекуции при руската инвазија на Украина досега.
Првиот човек пристигна во 7:27 часот, руските војници му ја покрија главата и го одведоа по патеката кон една неугледна деловна зграда. Две минути подоцна, придушен, молбен глас ја прободе утринската тишина. Потоа следуваше безмилосен одговор: „Зборувај, зборувај, да ти е..м мајката“, пишува АП. Жените и децата дојдоа подоцна носејќи набрзина спакувани торби.

Руска операција за „чистење“
Беше студено, сиво утро на 4 март во Буча, Украина.
До вечер најмалку девет мажи ќе одат во смрт на улицата „Јаблунска“ бр. 144, комплекс згради што Русите го претворија во штаб и центар на насилство што ќе го шокира светот.
Подоцна, кога сите тела беа пронајдени расфрлени по улиците и набрзина спакувани во гробови, лесно беше да се помисли дека масакрот бил случаен. На жителите кои прашуваа како се случило им беше кажано да ја поднесат ситуацијата бидејќи за некои прашања едноставно немаа одговор. Сепак, како што пишува АП, постоел метод за насилство.
Тоа што се случи тој ден во Буча беше она што руските војници во прислушуваните телефонски разговори го нарекуваа „зачистка“, односно чистење.
Русите ловеле луѓе на списоците подготвени од нивните разузнавачки служби и оделе од врата до врата за да ги идентификуваат потенцијалните закани. Оние што не ја поминале оваа филтрација, вклучително и доброволци и цивили осомничени дека им помагале на украинските војници, биле мачени и егзекутирани, покажуваат снимките од надзорот, тајните аудиоснимки и интервјуата.
Асошиетед прес и „ПБС фронтлајн“ дојдоа до снимка од надзорната камера од Буча која првпат покажува како изгледа руската операција за чистење во Украина. Тоа беше организирана бруталност што ќе се повтори во големи размери на териториите окупирани од Русија низ Украина – стратегија за неутрализирање на отпорот и тероризирање на локалното население за да се потчини, пишува АП. Оваа тактика ја користеа руските сили во минатите конфликти, особено во Чеченија.
Тие биле однесени на „Јаблунска“ 144, претепани, а потоа застрелани
На 4 март, во текот на утрото, руските војници ја презедоа контролата врз „Јаблунска“, вклучувајќи ја и куќата на „Јаблунска“ 31, каде што се сокриле неколку украински доброволци. Руските војници ја скршија вратата од куќата и во дворот одвлекле осум Украинци и сопственикот на куќата. Ги тераа да ги соблечат чевлите, ги обвинија дека се нацисти и дека се посматрачи на украинската армија. Потоа, двајца руски војници под закана со оружје ги водеа мажите по влажниот, заледен пат до „Јаблунска“ 144 пцуејќи ги додека мажите одеа со чорапи на нозете. Беше 11:08 часот.
Војниците ги принудиле да клечат зад руско воено возило на приодот кон комплексот и ги клоцале. Тогаш еден од заробените мажи, таксистот Иван Скиба, видел како го креваат еден од заробените мажи и му пукаат во главата.
Во текот на следните неколку часа војниците донесоа се повеќе луѓе во „Јаблунска“ 144. Во меѓувреме, руски војници упаднаа во домовите на луѓето кршејќи брави и пробивајќи ги високите огради со тенкови, покажуваат снимките од надзорните камери. На мештаните им рекле дека бараат оружје. Жителите велат дека војниците украле и алат, електронска опрема, храна и пијалаци.

Мажите кои клечеа на „Јаблунска“ 144 во одреден момент беа однесени од руски војници, двајца по двајца, во деловната зграда. Русите тој ден ги ослободија повеќето цивили, прво жените, а потоа и мажите. Но, волонтерите не беа ослободени. Тие беа претепани.
Руските војници го одведоа Иван Скиба и другите доброволци од контролниот пункт околу аголот на деловната зграда, во мал двор, каде што веќе имаше едно мртво тело. Тогаш двајца војници почнале да пукаат. Почувствувал како куршум му поминува отстрана и паднал наземи. Се преправаше дека е мртов, преплашен дека Русите ќе го видат неговото издишување како го заматува студениот воздух.
„Ја чекав темнината… ужасно, едноставно ужасно“
„Чекав да се стемни“, рече тој. „Ужасно… Не можам да објаснам… Само ужасно.
Откако стивнало сè, Скиба ги извадил зглобовите од лентата со која му биле врзани рацете, ползел низ труповите на своите колеги офицери на контролниот пункт и украл чизми од телото на единствениот маж што сè уште ги носел. Истрчал до соседната куќа и се свиткал на каучот обидувајќи се да се стопли. Потоа слушнал руски гласови кои прашувале дали има некој во куќата. Скиба се преправал дека е сопственик.
Верувајќи дека се работи за повреден цивил, војниците го вратиле на „Јаблунска“ 144, овој пат за лекарска помош, рече Скиба. Го однеле во подрумот каде што биле затворени повеќе од 100 луѓе. Скиба во следните три дена никому не кажал за раната од куршум.
Русите на 7 март им дозволија на Скиба и другите да го напуштат подрумот. Сите други што беа заробени со него, освен младичот со прекар Светец, беа мртви. Потоа Скиба конечно си заминал од „Јаблунска“ 144.

Разговори на руски војници
На 14 март војник со прекар Љоња ѝ се јавил на мајка си од мобилната кула кај Буча.
„Има цивили на улиците со мозокот истурен на земја“,
рече тој.
Неговата мајка сакала да знае кој пукал во нив.
„Наши луѓе“,
одговори Љоња.
„Можеби тие беа само мирни цивили“,
рече неговата мајка.
„Мамо, таму се тепаат. И одеднаш ти излегува! Дали разбираш? Што ако има фрлач на гранати?“
изјави Љоња.
Еднаш, опишал Љоња во разговорот, запреа едно момче и му го проверија профилот на Телеграм на мобилниот телефон. Апликацијата имаше информации за локацијата и логистиката на Русите.
„Тој е застрелан на самото место“,
ѝ рекол Љоња на мајка си.
Ова е само еден од повиците чија содржина ја објави АП во својата голема приказна за злосторствата во Буча.