Веста е оти напредок има, многу повеќе е потребно за да се оди напред по патот, но севкупната цел за приклучување на ЕУ е остварлива, рече Гир

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека клучната порака која доаѓа од Извештајот на Европската комисија е дека пристапниот процес и процесот на имплементација на реформите мора да биде национален проект.
„Да, тој ќе биде воден од Владата, тоа е нормално, но исто така мора да ги вклучи партиите од севкупниот политички спектар, различните државни институции и има многу во извештајот за важноста на парламентот во овој контекст. Локалните власти, но и невалдините организации, бизнисот и обичните граѓани, тоа мора да биде национален проект. Кратко би рекол дека веста е оти напредок има, многу повеќе е потребно за да се оди напред по патот, но севкупната цел за приклучување на ЕУ е остварлива“,
рече Гир во неговото вечерашно гостување во Дневникот на ТВ Сител.
Тој додаде дека има неколку пораки кои се клучни.
„Добрата вест како што знаеме е тоа што земјата ги отвори пристапните преговори со ЕУ и тоа е признание за посветеноста на земјта да продолжи на патот кон ЕУ. Сега, кога ве нарекуваме земја преговарач тоа со себе носи можности и одговорности и додава интензитет на реформите правејќи ги уште поважни за да се напредува во реформската агенда“,
рече Гир.
Втората порака, која според мене се однесува на реформите, кога ќе го погледнете извештајот, иако тој препознава дека има добар напредок во повеќе области, сепак јасно кажува дека во повеќе области напредокот е ограничен.
„Многу повеќе треба да биде направено. Многу е добро дека во Брисел во рамки на скрининг процесот препознавме одреден момент, но тој мора да биде поврзан со реформската агенда, вклучувајќи ги и тие клучни прашања како што се владеењето на правото, реформите во судството, борбата со корупцијата, реформите во јавната администрација“,
додаде Гир.