Од полноќ единствено ќе намали цената на мазутот за 1,115 денари за килограм
Цените на бензините и дизелот денеска остануваат исти и нема да се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
„Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98, како и на еуродизел (ДЕ V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат“,
информираат од РКЕ.
Од полноќ единствено ќе намали цената на мазутот за 1,115 денари за килограм.
Па така, согласно денешната одлука на РКЕ, цената на еуросупер БС-95 ќе биде 89 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 91,5 денари за литар, литар дизел ќе чини 103 денари за литар. Екстра лесното масло ќе се продава за 98,5 денари за литар, а килограм мазут М-1 НС ќе чини 49,919 денари.
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,499 проценти, кај дизелот за 0,331 отсто, кај екстра лесното масло за 0,005 проценти и кај мазутот намалувањето е за 2,826 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,077 проценти“,
информираа од РКЕ.