Според податоците на Евростат, цените на кафето, млекото и шеќерот се зголемиле во сите земји членки на ЕУ, освен во Малта
Оваа година македонските граѓани пијат за 18,3 отсто поскапо кафе. Граѓаните на ЕУ, пак, пијат кафе поскапо за 16,9 отсто, покажуваат податоците на Евростат за август 2022 година, споредено со истиот месец минатата година.

Оние што го пијат кафето со млеко или шеќер, овој ритуал може да биде уште поскап и да стане луксуз бидејќи цените на тие артикли се зголемени уште повеќе во текот на изминатата година. Цената на свежото полномасно млеко во Северна Македонија е зголемена за 29 отсто, а на шеќерот за 58 отсто.
Во земјите од ЕУ, пак, во просек млекото поскапело за 24,3 отсто, а шеќерот за 33,4 отсто, најмногу во Полска за дури 109,2 отсто.
Според податоците на Евростат, цените на кафето, млекото и шеќерот се зголемиле во сите земји-членки на ЕУ, освен во Малта.
Кафето најмногу поскапело во Финска (43,6%), во Литванија (39,9%) и во Шведска (36,7%).
Млекото во Литванија е поскапено за 58,2, во Хрватска за 41,2 и во Естонија за 38,9 отсто.
Шеќерот, пак, во изминатата година најмногу поскапел во Полска (109,2%), во Естонија (81,2%), Летонија (58,3%) и во Бугарија (44,9%).