Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури ќе се движат во интервал од нула од 10 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до пет степени, а максималната дневна ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Според УХМР до понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Во деновите од викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.