Во Италија денеска се одржуваат избори за кои се проценува дека ќе можат да ја насочат земјата надесно во клучен момент за Европа поради војната во Украина.
За првпат во Италија по завршувањето на Втората светска војна, овие избори може да доведат на чело на владата лидер на екстремната десница, шефицата на партијата на Браќата на Италија, Џорџа Мелони.
Избирачките места се отворени во 7:00 часот, а броењето на гласовите ќе започне веднаш по затворањето на гласачките места во 23:00 часот. Делумните резултати ќе бидат објавени утре наутро.
Огромните трошоци за енергија и брзото зголемување на цените на основните производи како лебот, што се последица на руската инвазија врз Украина, тешко погодија многу италијански семејства и бизниси.
Во такви мрачни околности, Џорџа Мелони и нејзината партија Браќа на Италија со неофашистички корени и програма во која се Бог, татковината и христијанскиот идентитет, се чини дека водат според предизборните анкети.