Експлозијата се случила на околу 300 метри од реакторот, оштетени се околните згради на електраната, а во нападот се оштетени и блиската хидроцентрала и далноводи
Украинската државна компанија за атомска енергија „Енергоатом“ потврди дека руската армија синоќа по полноќ ја нападнала нуклеарната централа „Јужноукраинска“ (Пивденнокраинск) во јужниот регион Миколаев.
„Енергоатом“ информира дека реакторите не се оштетени и работат нормално и оти во нападот нема повредени луѓе.

Експлозијата се случила на околу 300 метри од реакторот, оштетени се околните згради на електраната. Во нападот се оштетена и блиската хидроцентрала и далноводи.
И украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните медиуми соопшти дека руски проектил синоќа паднал на 300 метри од нуклеарната централа Пивденнокраинск во регионот Миколаев.
Потоа дошло до краткотраен прекин на електричната енергија, а биле оштетени прозорци на објекти во близина на нуклеарката.
„Окупаторите сакаа повторно да пукаат, но заборавија што е нуклеарна централа. Русија го загрозува целиот свет. Мораме да ја запреме пред да биде предоцна“,
напиша Зеленски.