Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на државните празници
Единицата на артилерискиот баталјон на Армијата по повод Денот на независноста – 8 Септември, денеска од касарната „Илинден“ во Скопје ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
Почесната стрелба е дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на државните празници.
Претходно, како што најавија од Министерството за одбрана, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија