Тој порача и дека политичарите во земјата треба да продолжат со засилување на демократијата, борбата против корупцијата и непотизмот, создавањето работни места. Но, нагласи Рот, исто така и ЕУ треба да ја врати загубената доверба и да не остане на празни ветувања односно да направи нешто конкретно, да даде поддршка на економски и на политички план
Според него, во овој период е важно да се предочи дека ЕУ не е само внатрешен пазар, туку е и задница со културна разноликост и никој нема право да се меша во културниот идентитет и тоа не може да го промени ниту еден договор

Германскиот пратеник и претседател на Комисијата за надворешна политика во Бундестагот денеска од Скопје порача дека се надева оти во парламентот ќе се создадат услови за уставни измени со цел вметнување на Бугарите во Уставот за да може понатаму да се забрза темпото на преговори на Северна Македонија со ЕУ.
„Се надевам дека ќе бидат создадени предусловите за промената за да може да има темпо и забрзување на овие пристапни преговори затоа што тоа е многу потребно. Никој не може да очекува дека за една или две години ситуацијата ќе биде подобра. Земјава во однос на ова прашање со преговорите направи веќе многу така што останува уште малку“,
рече Рот во одговор на новинарско прашањето очекува од опозицијата која засега одбива да поддржи уставни измени.
Германскиот пратеник, кој е и поранешен министер за Европа, рече дека ова се тешки времиња и во земјава може да се почувствува фрустрација и разочараност од ЕУ и затоа обврска на европски и германските политичари се да ги охрабрат Македонците и Македонците да продолжат понатаму и да го направат следниот чекор.
„Знам дека на многумина воопшто не им паѓа лесно кога станува збор за овие уставни промени, но прашање кое треба секој да си го постави не како може јас да и помогнам на мојата партија туку како можам да помогнам и да придонесам за мојата земја“,
рече Рот.
Тој порача и дека политичарите во земјата треба да продолжат со засилување на демократијата, борбата против корупцијата и непотизмот, создавањето работни места. Меѓутоа, нагласи Рот, исто така и ЕУ треба да ја врати загубената доверба и да не остане на празни ветувања односно да направи нешто конкретно, да даде поддршка на економски и на политички план.
„Вашата земја вложи многу, направи многу на патот кон ЕУ и токму сега ЕУ има обврска во Северна Македонија да биде повидлива, поприсутна, повеќе да се ангажира, да овозможи работа и перспектива за младите луѓе за да знаат дека вреди. Затоа сега е многу важно уште еднаш да се предочи и да биде јасно дека ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која има една валута туку дека таа е заедница во која има културна и различна разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на кое се базира ЕУ“,
рече Рот.
Германскиот пратеник изјавата за медиумите ја даде по средбата со претседателот Стево Пендаровски, а се сретна и со претставници од Владата, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Во Собранието, пак, имаше средби со претседателот на парламентот, Талат Џафери и претседателот на Комисијата за надворешни прашања Антонио Милошоски. Како што рече, за време на неговата денешна посета ќе се сретне со претставници и од опозицијата и од граѓанскиот сектор за да слушне што имаат да кажат.
По средбите што ги имаше германскиот пратеник, од кабинетот на Пендаровски сооштија дека во однос на отворањето на преговорите на средбата било посочено дека тоа е од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности, како и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина.

„На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и заемно почитување и интензивен политички дијалог. Претседателот Пендаровски истакна дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изрази благодарност што евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е висок п
риоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц“, пишува во соопштението откај Пендаровски.
Од кабинетот на Талат Џафери, пак, соопштија дека доаѓањето на Рот, како што нагласил германскиот пратеник, е поддршка за следните чекори кои Собранието треба да ги преземе за продолжување на преговорите на земјава со ЕУ.
Во соопштението од собраниската прес-служба се наведува дека изразувајќи целосно разбирање за фрустрациите и разочараноста од актуелните случувања, Рот потенцирал дека ЕУ нема право да се меша во јазичниот и културниот идентитет на Македонците и тоа мора да се почитува.

„Во однос на претстојните уставни измени за влегување во следната фаза од преговорите за членство во ЕУ, го искажа ставот дека треба да се исполнат преземените обврски и дека тоа нема да биде на штета на ниту еден Македонец или Македонка во земјата, а Германија ќе стои цврсто зад спроведувањето на ветувањата кон земјата дадени од Европската унија, за забрзување на евроинтеграцискиот пат кој не е само во корист на регионот, туку е во корист на сите земји членки на Унијата“,
се посочува во соопштението од Собранието.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, како што објави на социјалните мрежи на Рот му го пренел ставот дека пратениците од неговата партија се против уцените од Буарија за уставни измени.
„На средбата со претседателот на германската комисија за надворешни Рот, се заблагодарив за вниманието и поддршката за Македонија, но изразив жалење што ЕУ не успеа да го спречи агресивниот ревизионизам од Бугарија по однос на самобитноста и етногенезата на македонскиот народ. Ја искористив приликата да го повторам ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дека сме против уцените од Бугарија за смена на Уставот, кој еминентниот Германец Роман Херцог и Французинот Роберт Бадентер го оценија со највисоки оценки“,
наведе Милошоски по средбата.
