Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 83 963 или 25 проценти, додека највисок специфичен морбидитет од 25,499,2/100 000 се регистрира кај возрасната група од 30-39 години
Во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 случаи, со што вкупниот број на хоспитализирани лица е 199. Од нив, 55 се на кислородна поддршка и еден пациент е на инвазивна механичка вентилација
Според индикаторите на Светската здравствена организација (СЗО) за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор
Во последните две недели регистрирано е намалување на бројот на заболени со ковид-19 во 22 градови во земјава. Најголемо намалување е забележано во Македонски Брод, Демир Хисар, Крива Паланка и Ресен.
Зголемување има, пак, во 12 градови, а состојбата останува непроменета во Пехчево.
Заклучно со 14 август годинавa, според ИЈЗ, пријавени се вкупно 335 451 случаи на ковид-19. Најголем дел од заболените се регистрирани во Скопје, Куманово и Битола, а највисок морбидитет е регистриран во Кавадарци (29.712,4/100 000) и Скопје (26.021,9/100 000). Највисок морталитет се регистрира во Охрид, Прилеп и Кавадарци. Највисок леталитет се регистрира во Струга и Крива Паланка.
Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година, со просек – 44 години.
Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 83 963 или 25 проценти, додека највисок специфичен морбидитет од 25,499,2/100 000 се регистрира кај возрасната група од 30-39 години (n=63 871). Најнизок специфичен морбидитет од 4,227,6 на 100 000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9
години, каде се пријавени 8 702 лица.
Како што информираат од Институтот, во текот на минатата недела се хоспитализирани 52 случаи, со што вкупниот број на хоспитализирани лица е 199. Од нив, 55 се на кислородна поддршка и еден пациент е на инвазивна механичка вентилација.
Заклучно со 14 август оваа година, вакцинирани се вкупно 875 431 лице со барем една доза вакцина против ковид-19. Со две дози вакцинирани сe вкупно 856 460 лица.
„Со една доза на вакцина против ковид, во државата и странство, вакцинирани се 59,5 проценти од населението над 18-годишна возраст, односно 55,1 отсто од населениетo над 12-годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 47,7 проценти“,
покажуваат податоците од ИЈЗ.
Опфатот со две дози на вакцина кај населението над 18-годишна возраст изнесува 58,2 проценти, односно 54 отсто кај населението над 12-годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 46,6 проценти.
Со трета доза се вакцинирани 11,1 проценти од населението над 18-годишна возраст, додека кај населението над 12-годишна возраст е 10,2 отсто. Опфатот со трета доза на вкупното население изнесува само 8,8 проценти.
Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата, земајќи ги предвид индикаторите на Светската здравствена организација (СЗО) за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор.
