Нема никаква препорака за граѓаните кои немаат симптоми и нема ризик, нема потреба од посебни мерки, освен оние за одржување на хигиената и дезинфекција
„Станува збор за болест која многу наликува на обичниот грип, нема специфични знаци и се дијагностицира само со тестирање. Болеста не е за потценување, но нема простор за паника“, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за порталот „Види вака“.
Неговиот апел е да се следат само препораките што веќе во сила и се однесуваат на лицата кои биле во ризичните региони, биле во контакт на потврдени случаи на заболени, но и за заштита од евентуална инфекција на сите останати граѓани.
„Нема никаква препорака за граѓаните кои немаат симптоми и нема ризик, нема потреба од посебни мерки, освен оние за одржување на хигиената и дезинфекција. Доколку не биле во контакт со луѓе од ризични региони или со заболени, нема потреба да се јавуваат на посебните телефони, туку кај нивните матични лекари“,
објаснува Филипче.
Понатаму, тој објаснува како се шири ова заболување – доволен е близок контакт со заболен во период 15-20 минути на растојание од 1,5 метар, а вирусот останува и на површините.
Како ризични земји тој ги набројува Италија, Франција, Германија, Кина и Јужна Кореја, а ризични групи граѓани се оние со хронични болести, како опструктивни болести на белите дробови и слабост на респираторниот систем.
За симптомите, стапката на смртност од коронавирусот во споредба со сезонскиот грип и другите болести, за периодот на инкубација и процедурите кои треба да ги преземат лицата кои се сомневаат дека имале контакт со заболени, повеќе од видеото.