Од Кабинетот на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи информираат дека тој разговарал со Кабинетот на претседателот на Франција Емануел Макрон, од каде добил уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка.
„Покрај редовната комуникација со амбасадата на Франција во земјава, Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, од каде доби уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка, потврдувајќи го притоа официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор“,
известија од Кабинетот на министерот за надворешни работи на С Македонија, Бујар Османи.