За настанатите штети и нивна проценка, денеска е закажана и седница на Советот на Општина Делчево
Се бројат штетите по силното невреме во Делчево, кое во саботата поплави голем број улици од градот, предизвика прекини во електричната енергија и сруши голем број на покриви, бандери, лимови и оџаци.
Во тек е јавниот повик што го објави Општина Делчево за финансиско обештетување на граѓаните кои претрпеле штети од невремето.

8 јули е крајниот рок и дотогаш треба да се достави копија од лична карта, трансакциска сметка и изјава за штета.
За настанатите штети и нивна проценка, денеска е закажана седница на Советот на Општина Делчево.