Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим
Турката полиција ја растури „Парадата на гордоста“ во Истанбул и приведе повеќе од 150 луѓе.
Меѓу уапсените е и фоторепортерот на агенцијата Франс прес, јавија светските медиуми.
Според невладините организации уште пред да почне маршот, полицајци упаднаа во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваа ЛГБТ-активисти и новинари.
Како и години наназад, Парадата на гордоста беше официјално забранета од гувернерот на градот, но стотици учесници со знамиња во боите на виножитото сепак се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста.