Во пракса, овој проект ги комбинира парцијалните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам во преговарачката рамка за имплементација на договорот. МНР смета дека не може да има коментар за првично и целосно погрешен документ и го отфрли како можност, а пријавивме и поголема активност на меѓународен план…, рече Генчовска на денешното сослушување во Народното собранието за прашањето со РСМ
Во обраќањето пред пратениците Генчовска рече и дека премиерот Петков ветил дека ќе го укине ветото за разговорите на РС Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство, а тоа, според неа, се случило на средбата со еврокомесарот Оливер Вархеи на 17 февруари
Истовремено премиерот Кирил Петков денеска пред владата го претстави предлогот според кој сите одлуки во врска со евроинтеграциите на РСМ ќе одат преку пратениците
Премиерот Кирил Петков испрати предлог со кој, практично, целосно се ревидира рамковната позиција од Народното собрание и владата, но тој беше одбиен од МНР. Преговорите напредуваат, но има и прашања кои остануваат отворени за решавање. Едно од нив е формулацијата за македонскиот јазик во историска и етничка смисла.
Ова го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска на сослушувањето во Народното собрание, јави БГНЕС.
Седницата првично беше најавена како затворена за јавноста и беше прекинат преносот во живо на веб-страницата на собранието, но подоцна таа беше пренесувана, за на крај повторно да биде затворена.
„Уште кога ја презедов функцијата министер за надворешни работи, на првата средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, изјавив: ‘Комуницирајте само со мене’. За жал, тоа не се случи. Претставниците на РСМ продолжија да бараат контакт надвор од Министерството за надворешни работи за да се отстрани клучното бугарско барање за механизмот за следење на спроведувањето на Договорот за добрососедство од 2017 година“,
рече Генчовска во Собранието.

Таа потенцира дека нацртот на оваа нова рамковна позиција не ја вклучува бугарската позиција за како што рече, таканаречениот македонски јазик.
„На 5 април годинава советникот за надворешна политика на премиерот испрати нацрт за ажурирање на рамковната позиција. Меѓутоа, неговата содржина повеќе сугерира ревизија на бугарската национална позиција. Оваа нова рамковна позиција не ја вклучува бугарската позиција за т.н. македонски јазик. Барањето за европски гаранции за спроведување на Договорот од 2017 година станува неодржливо. Во пракса, овој проект ги комбинира парцијалните идеи на МНР за имплементација на билатералниот договор, но без јасен механизам во преговарачката рамка за имплементација на договорот. МНР смета дека не може да има коментар за првично и целосно погрешен документ и го отфрли како можност, а пријавивме и поголема активност на меѓународен план… На почетокот на мај Министерството започна со разговори без наметнување ограничувања и мешање, а за многу кратко време беше постигнат значителен напредок“,
објасни Генчовска.
Според неа, главниот проблем бил што додека МНР се обидувало да преговара на друго место изгледа дека се создавал впечаток дека Бугарија може да се согласи на помалку и дека е подготвена за отстапки.
„Ќе се согласите дека на овој начин не може да се бранат националните позиции“,
нагласи министерката Генчовска.
Во обраќањето пред пратениците Генчовска рече и дека премиерот Петков ветил дека ќе го укине ветото за разговорите на РС Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство, а тоа, според неа, се случило на средбата со еврокомесарот Оливер Вархеји на 17 февруари.
„Ова беше моја прва средба со еврокомесарот Оливер Вархеји. На состанокот присуствуваа 7-8 луѓе од тимот на МНР и, како и на сите состаноци, од оваа средба беше подготвен меморандум. Овој меморандум е отворен и го потврдува токму тоа што вие го прашувате“,
рече министерката Генчовска одговарајќи на прашањето на Костадин Костадинов дали Вархеји ѝ кажал дека во разговорот со Кирил Петков на 17 февруари, бугарскиот премиер се обврзал дека ќе го укине ветото за РСМ до крајот на француското претседателство до крајот на јуни.
Таа објасни дека има четири теми за кои треба да се пријави напредок за да се заштитат бугарските национални интереси. Тоа се: имплементација на Договорот од 2017 година, вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ, зачувување на бугарската позиција за јазикот на соседната земја и вклучување на гаранции за сите овие прашања во преговарачката рамка на ЕУ со РСМ.
Сите одлуки во однос на евроинтеграциите на РСМ ќе одат преку Собранието
Истовремено премиерот Кирил Петков денеска пред Владата го претстави предлогот, според кој сите одлуки во врска со евроинтеграциите на РСМ ќе одат преку пратениците.
„Ќе му предложам на Министерскиот совет да донесе одлука во врска со Република Северна Македонија“,
рече премиерот Кирил Петков на почетокот на денешната владина седница.
БГНЕС го пренесува текстот од предлогот кој се состои од две точки:
Точка 1: Секој предлог од страна на француското претседателство со Европската Унија од земја членка или Европската комисија за одобрување на почеток на преговори за членство во ЕУ на PCM и Албанија, направен во подготовка за или за време на состанокот на Комитетот на Постојаните претставници или Советот за општи работи, кој отстапува од рамковната позиција на Советот на министри од 2019 година, веднаш да бидат испратени од Постојаното претставништво на Република Бугарија во ЕУ до Комитетот за надворешна политика на Национално собрание;
Точка 2: Претставниците на Република Бугарија во Комитетот на постојаните претставници и во Советот за општи работи да не се согласат со предлогот од точка 1 до нивната расправа во Народното собрание, а во случај на нивно отфрлање од Народното собрание да изразат негативна позиција за нив.
БГНЕС вчера објави детален текст од предлогот, кој го толкува како чекор за изолација на МНР во овој процес.