По повод претстојното едномесечно претседавање со Советот за безбедност на ОН, албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија
Од среда, први јуни, Албанија го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
„Во Њујорк на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Ферит Хоџа, амбасадор во ОН, ова го оценува како голема одговорност, но секако и привилегија“,
пренесува Топ чанел.
Според истиот извор, министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија.
Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.