Актерот Ентони Рап и уште едно неименувано лице поднесоа тужба против актерот Кевин Спејси во септември 2020 година, за сексуален напад што се случил во 80-тите години, кога и двајцата биле помлади од 18 години
Во ноември минатата година, судот одлучи дека Спејси ќе мора да плати отштета од 31 милион долари на компанијата која беше продуцент на серијата „Куќа од карти“, во која тој ја играше главната улога, бидејќи беше отпуштен поради тужба за сексуално вознемирување
Актерот Кевин Спејси е обвинет за четири точки за сексуален напад врз тројца мажи, објави англиското обвинителство, пренесе Би-би-си.
Актерот Ентони Рап и уште едно неименувано лице поднесоа тужба против актерот Кевин Спејси во септември 2020 година, за сексуален напад што се случил во 80-тите години, кога и двајцата биле помлади од 18 години. Граѓанската тужба е поднесена во судот на државата Њујорк на Менхетен.
Во ноември минатата година, судот одлучи дека Спејси ќе мора да плати отштета од 31 милион долари на компанијата која беше продуцент на серијата „Куќа од карти“, во која тој ја играше главната улога, бидејќи беше отпуштен поради тужба за сексуално вознемирување.
Продуцентската куќа „МРЦ“, која стои зад хит-серијата за политички интриги во Вашингтон, побара компензација за загубената заработка која се припишува на заминувањето на актерот од серијата по обвинувањата против него за сексуално вознемирување и злоупотреба.
„МРЦ“ соопшти дека по обвинението, Спејси бил суспендиран од серијата и започнала внатрешна истрага според која актерот е одговорен за припишаното дело.
Заминувањето на актерот ја принуди продуцентската куќа да ја реорганизира серијата, што резултираше со „значителни загуби“, додаваат од „МРЦ“.
Сценариото мораше да се ревидира за да се исклучи ликот кој го игра Спејси и да се реорганизира целата шеста сезона, која беше скратена од 13 на осум епизоди.
„МРЦ“ покрена судска постапка во 2019 година. Истата година судот ја отфрли тужбата против американскиот актер за непристојно однесување и сексуална злоупотреба во американската држава Масачусетс.
Актерот освои два Оскари, за најдобар актер во филмот „Американска убавина“ во 1999 година и за најдобра споредна машка улога во филмот „Дежурни виновници“ од 1995 година.