Препораката, како што истакна портпаролот на КЗБ, содржи две препораки. Првата е дека треба да се земе во предвид користењето на брзите антигенски тестови како тестови за детекција на САРС-КоВ 2, а да не се користат ПЦР-тестовите поради комплицираниот начин и дополнителните трошоци. Втората, пак, е комисиите да изготват соодветен протокол за тоа како би можеле да се користат брзите антигенски тестови или дали таму каде што не е возможно да се користат ќе треба да се користат ПЦР-тестови
Дополнително, тој посочи дека според добиените информации од Министерството за здравство, во секоја јавна здравствена установа има околу 1 000 антигенски тестови кои установата може да ги користи во кое било време
Портпаролот на Комисијата за заштита од заразни болести д-р Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција истакна дека Комисијата дала препорака наместо користење на ПЦР-тестови да се користат брзите антигенски тестови кои, како што посочи, веќе им се достапни на поголеми дел од институциите.
„Како можност за брза дијагностика и за евентуално одржување на тие дијагностички процедури без дополнително да се изложуваат на трошок граѓаните или институциите, за да може да се прават оние тестови кои досега се побаруваа“,
истакна Мехмедовиќ.
Како што нагласи Мехмедовиќ, комисиите за интерхоспитални инфекции се задолжени да изготват протоколи согласно препораките на Комисијата за заразни болести за евентуалниот ваков начин на употреба на брзите антигенски тестови во насока на тоа да се контролира начинот на кој се движат пациентите во болниците и да се изготвуваат медицинските процедури.
На прес-конференцијата портпаролот на КЗБ посочи дека според добиените информации од Министерството за здравство во секоја јавна здравствена установа има околу 1 000 антигенски тестови кои установата може да ги користи во кое било време.
„Резерви има, граѓаните не треба да ги купуваат тестовите, односно можат да ги добијат во самата здравствена установа каде се упатени на дијагностика“,
посочи тој.
Одлуката, како што истакна Мехмедовиќ, содржи две препораки. Првата е дека треба да се земе во предвид користењето на брзите антигенски тестови како тестови за детекција на САРС-КоВ 2, а да не се користат ПЦР-тестовите поради комплицираниот начин и дополнителните трошоци.
Вториот дел од препораката, пак, е да се задолжат комисиите и да изготват соодветен протокол за тоа како би можеле да се користат брзите антигенски тестови или дали таму каде што не е возможно да се користат ќе треба да се користат ПЦР-тестови.