И натаму очекуваме и се надеваме дека преку дипломатски канали ќе постигнеме договор со Украина, порача рускиот претседател Владимир Путин по разговорот со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, пренесе Гардијан.
Путин рекол дека во неодамнешните разговори во Истанбул е забележан напредок, но налгасил дека преговорите се прекинати по известувањата за бруталното убивање на цивили во Буча од страна на руската војска.
„Вестите поврзани со Буча се провокација, руската војска нема никаква врска со тоа“,
порачал Путин.
Тој додал и дека преговорите со Украина ќе продолжат во онлајн формат и изразил надеж дека ќе дадат позитивни резултати.
Зборувајќи за состојбата во Мариупол, која ја опишува како „комплицирана и трагична“, тој истакнал дека во опколениот град повеќе не се водат руски воени операции.
Путин тврди и дека украинските војници држат цивили како жив штит во челичарницата Азовстал и дека руските сили не ги спречувале цивилите да го напуштат градот, пишува Би-би-си.